Предлогот за конзул на Душан Адамовиќ доаѓа од амбасадорот на Македонија во Белград именуван уште од времето на владата на СДС и ДУИ, стои во соопштението на Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ што го пренесуваме интегрално.
„Партијата на Башановиќ, СДС треба да разбере дека функцонира во Македонија и е опозиција во Македонија. Не сакаме да се вмрежуваме во дневно политичките настани во соседна Србија иако желбата на СДС е огромна за тоа. Споменатото лице ги исполнува сите критериуми потребни за негово поставување за конзул“, се вели во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ.
Амбасадор во Србија е Никола Тупанчевски, кој во времето кога на власт беше СДС како нивни кадар, во владите на Зоран Заев и Димитар Ковачевски, извршуваше високи функции во Македонија.
Фото: архива




