Денеска пред македонското собрание е поставен предлогот за нова влада, подготвена посветено да работи пред се на економскиот раст во државата во полн четиригодишен мандат, соопшти СДСМ.

– Предложениот нов состав од 19 министри и министерки подготвено, сериозно и посветено се обврзуваат дека ќе водат напред, дека ќе работат уште повеќе и уште подобро и воедно ќе бидат пример за секој граѓанин, за уште поголемо учество во креирањето на нови и уште поуспешни политики насочени исклучиво во нивен интерес. Новиот владин состав одговорно, отчетно и посветено ќе работи и гарантира континуитет во спроведувањето на нашите заеднички стратешки приоритети: членство во НАТО и Европската унија, добри меѓусоседски и меѓуетнички односи, внатрешна кохезија, справување со коронавирусот и нова енергија и решителност во создавање подинамичен економски раст, одржлив развој, модерно образование, ефикасна правна држава и силни институции. Силно веруваме дека преку квалитетна дебата во Собранието предлозите за новиот владин состав ќе го добијат потребното мнозинство, по што С. Македонија и граѓаните ќе ја добијат новата Влада посветена на реализација на програмските определби. Македонските граѓани на изборите одржани на 15 јули се определија за принципите и вредностите на СДСМ и коалицијата и ги поддржаа политиките кои водат напред, за подобра иднина на сите граѓани, се вели во соопштението од Центарот за комуникации на СДСМ.