Во текот на изминатото деноноќие на територијата на државава се регистрирани 332 прекршоци за непочитување на мерката за неносење лична заштита на лице поради состојбата со пандемијата со КОВИД-19.

Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со Ковид -19.