Владејачкиот СДСМ денеска преку соопштение побара пратениците во Собранието на Македонија да го поддржат францускиот предлог за „бесплатно здравство низ цела Европа“, како што оваа партија ветуваше преку билборди и за референдумот за смена на уставното име на Република Македонија за евро-атлантските интеграции.
Во продолжение денешното цело соопштение од СДСМ:
Пратениците од сите пратенички групи имаат одговорност пред граѓаните, наместо со блокади и деструкции, преку аргументи и конструктивност да дадат придонес при усвојувањето на заклучоците околу предлогот на француското претседателство.
Преку заклучоците, дополнително ќе се обврзе Владата актуелната но и секој идна Влада, да ги зачува црвените линии во согласност со Декларацијата донесена во Собранието,а тоа е зачувувањето на македонскиот јазик, без фусноти, додавки како и македонскиот идентитет и посебноста на државата кои не смеат да бидат дел од преговарачката рамка.
Членството во Европската унија е стратешка цел на државата, пратениците во Собранието преку усвојувањето на заклучоците имаат шанса пред целата домашна и меѓународна јавност да докажат дали се навистина за интеграција во ЕУ или побитно им е да одработуваат за нечии туѓи интереси.
Центар за односи со јавноста на СДСМ