На состанокот на Извршниот одбор на СДСМ вечерва се очекува да биде донесена одлука во врска со евентуалното одржување предвремени парламентарни избори заедно со претседателските. Исто така, на состанокот, може да стане збор и за консензулен претседателски кандидат.
Има, вели портпаролот на СДСМ Костадин Костадинов, силни аргументи дека дека треба да одиме на предвремени парламентарни избори, но и аргументи дека можеби сега не е моментот имајќи го предвид целиот претстојниот процес на интеграција на државата во НАТО и ЕУ.
-Доколку размислувавме и се водевме исклучиво од партискиот интерес тогаш не ни требаше воопшто дебата. Земајќи ги предвид анкетите знаеме дека СДСМ е фаворит на било какви избори. Но, ние како партија се водиме исклучиво од интересот на граѓаните. Таква ќе биде и одлуката, најави пред одржувањето на состанокот Костадинов.
Тој додаде дека на Извршниот одбор на партијата може да се отвори и темата околу консезуален кандидат за претстојните претседателски избори.
-Тоа значи дека кандидатот за претседател е добро да биде што поприфатлив за мнозинството граѓани секако и за повеќе политички партии, тука пред се мислам на нашите коалициски партнери, рече тој