Позитивниот Извештај на Европската Комисија за РС Македонија преставува потврда на успешните евроинтегративни политики на СДСМ и претседателот Зоран Заев и на резултатите кои ги постигнавме во скратениот мандат од две и пол години, се вели во соопштението од СДСМ.

– Реформите кои ги презедовме се препознаени од нашите европски сојузници, а нивните позитивни оценки, како и препорката за почеток на преговори со Европската Унија, се своевидна потврда дека држвата е на правиот пат, но преставува и мотив да продолжиме напред. Во однос на судството, Извештајот на ЕК нотира засилено темпо на имплементацијата на реформите. Во прилог на тоа оди и новиот Закон за Јавно обвинителство кој за Комисијата е гаранција дека ќе се обезбеди одговорност за кршењето закони и дека предметите на СЈО целосно ќе се затворат со правосилна пресуда. Европската Комисија нотира позитивни реформи и во Секторот за безбедност и разузнавање каде што се споменува новиот закон, но и активирањето на Оперативно – техничка агенција (ОТА) и Агенцијата за национална безбедност (АНБ). Во Извештајот се заклучува дека постои засилен надзорен капацитет во службите, но и на парламентот кон безбедносниот сектор. Извештајот на ЕК посветува внимание и на реформите во јавната администрација каде се потенцираат владините активности за поефикасна транспарентност и отчетност, но и напорите за дигиталзиација и поедноставување на пристапот на граѓаните кон институциите. Очекуваме дека по постигнатите реформски резултати, Европската Унија ќе биде доследна на ветеното и ќе го исполни својот дел од обврската и дека Северна Македонија наскоро ќе започне преговори со Унијата. Она што го чекаа македонските граѓани 15 години, ние успеавме да го реализираме во две и пол годишниот мандат. Затоа и по 12-ти април продолжуваме заедно со граѓаните по патот на реформите и интеграцијата, пат кој обезбедува подобра еза сите, пишува во соопштението од СДСМ.