Република Македонија заслужи да добие датум за отпочнување на преговори за членство во ЕУ многу порано, се вели во денешното соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

– Граѓаните не треба да бидат казнети и да ја плаќаат цената за неспособното и криминално владеење на Зоран Заев. Криминалец Зоран Заев е истрошен и исплашен политичар кој знае дека ќе треба да одговара пред граѓаните и законите на Република Македонија. Единственото нешто кое СДСМ го направи изминатите три години е тоа што го промени уставното име на државата. Eдинственото нешто што оваа власт им сервираше на граѓаните беа поразите и понижувањата. Порази и понижувања за да може власта слободно да краде, да се спроведува криминал во големи размери и корупција. Милиони евра народни пари се испумпаа преку криминални тендери и грантови, пари кои завршија во џебовите на функционерите на СДСМ. Крајот на поразите и понижувањата е се ближи. 12-ти април е денот кога граѓаните ќе го казнат Зоран Заев за сиот овој криминал и корупција што го стори изминатите три години. Граѓаните ќе го казнат Заев за „Рекет 1“, „Рекет 2“, за ТЕ-ТО, случајот Рашковски, крвавите тендери. После 12-ти април сите кои што се огрешиле пред законите ќе одговараат, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.