Пратеникот и потпретседател на СДСМ Мухамед Зекири денеска преку својот профил на Фејсбук јавно агитира како да се гласа на утрешниот референдум за преименување на Република Македонија во Северна.
Тој на својот профил на Фесјбук објави изјава за грчката национална телевизија ЕРТ, на плоштадот Македонија во Скопје.
– Изјава за грчката национална телевизија ЕРТ: Македонија нема план Б и друга алтернатива освен членство во НАТО и ЕУ! Утре тоа ќе го потврдат и мнозинството граѓани на Македонија кои ќе излезат и ќе заокружат за европска Македонија, напиша Зекири.
И додека од инситуциите кои ги води владејачкиот СДСМ повикуваат на почитување на законот и молкот и се закануваат со санкции за тие што го прекршуваат законот, функционерите на СДСМ, во случајов и пратеник, го прекршуваат законот со јавно агитирање во денови кога е предвиден молк.