МВР и Оливер Спасовски јавно се заканија дека ќе го санкционирале снимањето кое некој би го вршел на лица кои одат да гласаат на утрешниот референдум. На прв поглед заканата изгледа законски и нормално, Но, во што е лагата и манипулацијата?

Согласно Кривичниот законик на РМ (член 152 став 1) „Тој што неовластено ќе направи фотографски, филмски или видео
снимки на друго лице или на неговите лични простории без негова согласност, повредувајќи ја неговата приватност или тој што таквите снимки непосредно ги пренесува на трето лице или му ги покажува или на друг начин му овозможува со нив да се запознае, ќе се казни со парична казна или со затвор до една година.“

Значи ако некого снимите и тоа го покажете сте сториле кривично дело. Дотука предупредувањето односно заканата од МВР е во ред. Но во ставот 3 од истиот член стои дека за ова дело се гони по приватна тужба. Тоа значи дека може да се смета дека евентуално сте направиле нешто лошо само и само ако за тоа се побуни сниманиот. МВР тука нема работа и е надвор од играта. Тука нема работа за МВР.

Незапамтено е МВР да испраќа јавни закани за нешто што се гони по приватна тужба и тоа истовремено додека низ Скопје односно во самиот центар на градот се решетаат со калашникови, па поранешниот близок човек до Зоран Заев, Зоран Ивановски. дури сними и видео од САД во врска со ова, напоменувајќи дека во САД не е забрането да снимаш на јавни места. Не е забрането ни во РМ, ако со тоа никого не попречуваш и само и само ако самиот сниман смета дека со тоа му е повредена приватноста. А зошто некој би сметал дека му е повредено некое чувство, ако гласањето на референдумот е гордост за него, инаку не би отишол, нели?

Всушност ова е ситуација која порано се опишуваше за случајот кога некого ќе наречете „бонвиван“. За некого тоа е навреда, но напротив, има луѓе кои со тоа се гордеат и сакаат таквиот глас за нив да се слуша подалеку. Оттука, за ваквата евентуална навреда (додека таа беше кривично дело) државата имаше оставено да се гони по приаватна тужба. Така што ако некој ве наречеше со тој збор, можете сто пријави да испратите до МВР и сите ќе ви бидат вратени. Ист е случајот и со член 152 од КЗ

Но, видеото на Ивановски доаѓа по јавната изјава на Адеми дека тие што ги снимнале гласачите во Австралија се евидентираии и пројавени, што е обична лага и манипулација, но доволна да внесе страв кај луѓето овде во Македонија. Зашто, ако поверувате дека пипките на македонската валст стигнуваат во Австралија, што останало за Македонија. Но, вусшност ова е една обична манипулација.

Ова уште повеќе кога во РМ секојдневно слушаме како судот како доказ прифаќа незаконски снимки и кога актуелната гарнитура на МВР дојде на власт токму со помош на такви незаконски снимки.

Инаку, ако се прифати тезата дека снимањето некого како оди кон гласачкото место е кривично дело, тогаш тоа го вршат сите оние кои имаат куќи во близина на избирчкото место, а имаат сигурносни камери кои ја снимаат и улицата.

Сосема друга е работата е ако тоа некој го прави на начин со кој евентуалниот гласач ќе го спречи во намерата да гласа со што му ја повредил слободата на определување од член 160 од КЗ, нешто што веќе е напревено со сите тие закани до луѓето што ќе им се случи ако не излезат на гласање, а за што МВР молчеше. Дури тогаш делото влегува во групата дела против изборите и за него се гони по службена должност.