Владата предводена од СДСМ и премиерот Зоран Заев останува целосно посветена на вистинска грижа и одговорност за економијата, за угостителите, за сите граѓани, се истакнува во денешното соопштение од владејачката партија кое го пренесуваме во целост:
Оттаму, и годинава граѓаните со ниски примања ќе добијат ваучер за летување кој за разлика од минатата година, годинава изнесува 12.000 денари, а ќе можат да го користат семејства чии вкупни месечни примања не надминуваат 30.000 денари.
Јавниот повик започна на 8 јуни, со краен рок за аплицирање 30 јуни. Над 2.600 апликации се пристигнати за една недела од објавувањето на јавниот повик во архивата на Министерството за економија по што повикот е затворен.
Од државниот буџет за реализација на оваа одговорна и ефикасна мерка предвидени се 15 милиони денари или 2,5 милиони евра за вкупно 1.250 ваучери.
Овие пари ќе завршат кај домашните хотелиери, со што директно ќе се помогне нивната работа во време на постковид пандемија, а во исто време ќе им се помогне и на илјадници семејства со ниски примања.
Нашите врвни приоритети како социјалдемократска партија се помош и поддршка за граѓаните, за домашното македонско стопанство.
Градиме силна, развојна, конкрентна и стабилна економија која носи шанса за сите.
Центар за односи со јавноста на СДСМ