Три лица во Скопје пријавиле дека биле искасани од улични кучиња во текот на минатиот ден, соопшти МВР.

На 19.06.2021 во 11.00 часот во СВР Скопје, Р.П.(66) од Скопје пријавила дека на ул.„Разловечко востание“ била касната од куче скитник.

На 19.06.2021 во СВР Скопје, И.С.(58) од Скопје пријавил дека на ул.„Пат за Китка“ бил каснат од куче скитник.

На 19.06.2021 18.10 часот во СВР Скопје, Г.И.(46) од Скопје пријавила дека на ул.„Франц Прешерн“ нејзината малолетна ќерка била касната од куче скитник.

Градоначалникот Петре Шилегов изгради скапо прифатилиште за улични кучиња во Скопје, формира јавно претпријатие за таа намена, а градот и натаму плаќа високи казни за оштетени граѓани кои биле нападнати од кучиња скитници.