Познато е правилото дека стопати повторена лага станува вистина, а некои лаги се повторуваат и по илјада пати, па така лагата станува „тотална вистина“. Меѓу другото и за детските градинки и за „парите кои се враќаат кај граѓаните“. Тие што повеќе им веруваат на фактите отколку на партиските соопштенија, нека проверат колку градинки беа изградени од „режимот“ и колку од актуелнава „демократска власт“.

А во продолжение го објавуваме во целост и денешното соопштение од седиштето на Бихаќска на владејачкиот СДСМ:

СДСМ во изминатите четири години покажа што значи вистинска грижа за сите граѓани, за подобрување на животниот стандард, а пред се грижата за најмалите.

Изградивме и реновиравме 60 детски градинки во урбаните, но и во руралните средини, со што значително се зголеми опфатот на децата во предучилишното воспитание и образование.

Наспроти тоа ВМРО-ДПМНЕ во текот на своето режимско владеење ги остави предучилишните установи на заборав на времето.

Парите на граѓаните ги вложуваше во непродуктивни работи, во скулптури и споменици, кои заедно со Белата палата, седиштето на опозицијата во стечај, стојат како паметник на безумното владеење и безочното трошење на народните пари.

СДСМ изгради и обнови 60 градинки, ВМРО-ДПМНЕ постави 60 споменици.

Граѓаните добро знаат дека со СДСМ парите се враќаат кај граѓаните, а со ВМРО-ДПМНЕ завршуваат како провизии во џебовите на нивните функционери.

Затоа СДСМ со најдобрата понуда е победник на претстојните избори, а ВМРО-ДПМНЕ го очекува нов седми пораз од граѓаните.

Центар за односи со јавноста на СДСМ