СДСМ, како одговорна и државотворна партија заедно со сите политички чинители кои се определени за напредок на Македонија, овозможи последниот збор за Договорот со Грција да го имаат граѓаните. На 30 септември, на демократски и непосреден референдум, граѓаните на Република Македонија ќе имаат историска можност директно да одлучуваат за сопствената и за иднината на државата.
Ова се истакнува во партиското соопштение на владејачкиот СДСМ.
– Референдумот е вистинска и непосредна демократија, а волјата изразена на него ќе биде обврзувачка за сите, затоа што гласот на граѓаните е клучен за македонската иднина. Се обединија сите политички партии кои навистина се за ЕУ и НАТО, освен Христијан Мицкоски и раководството на ВМРО-ДПМНЕ коишто се против интеграција. Се обедниија сите кои се за напредок на Македонија, освен Мицкоски кој сака изолација, стагнација и неизвеснот. Обединети се сите политички и општествени чинители кои се за македонската иднина, освен Мицкоски и највисокото раководство на ВМРО-ДПМНЕ кои сакаат назад во темното минато на криминал, насилство и неказнивост, се вели во соопштението од Центарот за комуникации на СДСМ.
Но, се додава натаму, тие нема да ја закочат и загрозат македонската иднина со нивните антидржавни постапки.
– Граѓаните масовно, слободно и достоинствено на 30 септември на референдум ќе дадат поддршка за влез на Македонија во ЕУ и НАТО, преку прифаќање на Договорот со Грција. Граѓаните се обединети, одлучни и определени, граѓаните велат ДА за македонската иднина, тврди СДСМ во соопштението.