Христијан Мицкоски го брани криминалот на неговиот шеф, бегалецот и осуден криминалец Никола Груевски по секоја цена, истакнува во денешното соопштение СДСМ.
– Скандалот со медицинскиот отпад покажа дека режимската ВМРО-ДПМНЕ не само што го загрозувала здравјето на граѓаните и животната средина, туку преку нејзини кадри ја опструира истрагата за случајот Еко-клуб преку своето влијание во судството. Обвинителката во предметот, која два месеца не се изјаснува за истражната постапка, е исто така кадар на ВМРО ДПМНЕ што се потврдува во еден од прислушуваните материјали и разговорот меѓу Сашо Мијалков и Гордана Јанкуловска. Тоа се Сваровски кадрите запоседнати во правосудниот систем, кои наместо да спроведуваат ефикасни и брзи истраги, со месеци свесно ја кочат истрагата. Фирмата „Еко-Клуб“, која го години депонирала нетретиран медицински отпад во Дрисла е сопственост на Сашо Јанакиески, кадар на ВМРО-ДПМНЕ и близок соработник на Никола Груевски. Нетретиран медицински отпад не смеел да се носи во Дрсила, а тоа повторно го овозможувало ВМРО-ДПМНЕ преку Горан Ангелов, кој беше директор на депонијата, се додека Градот Скопје не успеа да го преземе управувањето со Дрсила. Затоа ВМРО-ДПМНЕ повторно ќе биде поразено на изборите на 12 април. Режим никогаш повеќе, се вели во соопштението.
Можеби треба да се потсети дека четврта година СДСМ ја има апсолутно целата власт, и на централно и на локално ниво, во Република Македонија. И сите законски лостови да го урне „режимот кој го загрозува здравјето на граѓаните“.