На ред е шампионот по афери и криминогени скандали. Следуваат 30-те прашања за кои Венко Филипче не одговара за сега, ама ќе одговара, наскоро!

Ова го истакнува портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски и ги поставува прашањата до министерот за здравство, Филипче:

  1. До каде е новиот Клинички од половина милијарда евра, или чекате да дојде до милијарда?
  2. Дали до толку им требаат амбулантни возила во Скопје, или е само завист за службените џипови за директорите?
  3. Колку посто е маржата за набавка на инсулин, па што се уништува оној со валиден рок?
  4. Дали сте единствен министер за здравство на кој му се случи, денеска отворена човек-фирма со НУЛА ИСКУСТВО да биде ЕДИНСТВЕН понудувач на тендер тежок дури 36 милиони евра И ТАА ДА МУ БИДЕ ПРИФАТЕНА или еден Жути?
  5. Има ли уште некоја донација со кус рок во вашата невладина што може да ја поделите на пациентите, како инсулинот во 2018?
  6. Имаше ли санкции за набавките на директорката Пановска Ставрдис од компанијата на татко и тешки над 3 милиони евра или и натаму си пазари дома?
  7. А санкции имаше ли за набавките за онкологија и радиологија, пак со Пановски, во четири очи за 400.000 евра, сомнително оправдувани како интервентни набавки?
  8. Мерцедесот уште ли се продава за амбулантни возила, или и така редовно се вози пациент?
  9. Колку патарини се минуваат, за да се однесат транши рекет до благајникот со брада во струмичко, во аферата Рекет2?
  10. Ако сакавте да ја преземете Дијамед, пред нос на шведскиот инвеститор, по колку ќе поделевте со Ден Дончев, ќе му кажевте ли на шведскиот амбасадор?
  11. Ви недостасуваат ли вечеринките со Боки 13 на кои разговаравте за здравствениот систем, јавно приватно партнерство, колку чинат месечните транши рекет, или кој да ја купи Диамед?
  12. Дали пак се доведувате во теснец за штипската клиника со само 7 дополнителни милиони евра од буџетот, наместо да заокружите на 10, па што ќе остане повторно се ваши?
  13. Што ве налути детската кардиохирургија што толку студено се отарасивте од неа и ја оставивте „на приватно“?
  14. Оперираат ли сега доктори без дозвола за работа или без соодветна лиценца срциња на деца, или како министер за здравство не е ваше да се мешате во приватниот сектор?
  15. До каде е рековте новиот Клинички центар во Скопје? А во Битола до каде е? Требаше да биде готов според ,,Планот 24 месеци“ на владата? Веќе и онака не е важно нели?.
  16. Колку точно доктори и медицински сестри го фатија патот кон Германија со вашите рекетарски реформи?
  17. Место нив, преземате ли доктори од приватниот во јавен сектор, вчера вработени и со стаж од еден работен ден?
  18. Колку сега се чека за Мој Термин за дијагностичките процедури, ортопедијата и урологијата, сте закажале ли за проба?
  19. Навистина Филипче, кој е одговорен за огромната количина отпад во дворот на Клинички центар?
  20. Имате член на семејството за фотографирање како прима „вакцина“ за Корона вирус, може и со капаче?
  21. Зошто нема резерви на адекватни заштитни маски, комбинизони, заштитни наочари, дезинфекциски средства и слично за справување со биолошки закани, или тука е секогаш сигурниот Пановски?
  22. Ако бројните вработувања во здравството сега пред избори се итност, значи ли тоа дека здравствениот систем е во критична состојба со кадар?
  23. Ќе проработи ли еднаш фамозниот акцелераторот во Битола заедно со бункерот вреден 8 милиони евра, или и натаму само ќе го најавувате?
  24. Бесплатното болничко лекување за сите осигуреници, согласно изборната програма на СДСМ во ,,Планот 18 месеци“, се чека да почне на новиот Клинички центар крај Скопје?
  25. Имате ли табели за споредување на различните резултатите од лабораториите – секоја со свои мерки и апарати?
  26. На седенките со Вице Заев за кого се ви интервенираше и фаќаше врски, како вели Зоран Заев, може ли да откриете, или можеме и сами треба да ги нагаѓаме?
  27. Колку посто од лекарите специјалисти имаат плата од 100.000 денари?
  28. Функционира ли Диабет центарот кој помпезно го отворивте во Велес?
  29. Зошто прекина секаква едукација на доктори во странство, спонзорирани од министерство, од кога вие лично ја искористивте?
  30. На крај, што се случи со тендерот за стерилизација тежок над 13 милиони евра, па министре ќе се сложите, не е фер Жути да не го земе по 79 милиони евра земени од тендери од кај вас?