Предлогот на ВМРО-ДПМНЕ Наќе Чулев да биде технички министер во министерството за внатрешни работи е прифатлив за СДСМ.

Според партијата, Чулев не е униформирано лице и против него нема покренато обвиненија, со што се исполнети уставните критериуми.

-Со овој предлог на ВМРО-ДПМНЕ, не се крши Уставот, не станува збор за воено или униформирано лице и не е под обвинение. Со тоа се исполнети условите предлогот да оди на гласање во Собранието заедно со целата преодна влада која треба да ги спроведе изборите на 12 април, соопшти СДСМ.