Владејачкиот СДСМ тврди дека власта има поддршка и од ЕУ за (зло)употребата на европското знаменце во носењето за закони скратен пат и без поширока дебата.
Така се турка и законот кој предизвика инциденти во Собранието поради насилното туркање од страна на владејачките партии и спротивставувањето на опозициските партии за злоупотребата на европското знаменце и кршењето на деловникот за работа. Јавноста деновиве беше сведок кој ги прекршува правилата за работа во Парламентот, кој пцуеше и фрлаше предмети по опозициските пратеници кои бараа почитување на утврдените правила за работа. А во продолжение, како СДСМ ги гледа работите преку нивното денешено соопштение кое го објавуваме во целост:
Европската унија упати порака дека очекува поддршка од пратениците за Законот за продолжување на рокот за пензионирање на судиите.
Тоа го потврди и евроамбасадорот Дејвид Гир во неговото вчерашно обраќање пред мешовитиот парламентарен комитет Република Северна Македонија- ЕУ во македонското Собрание кој наведе дека пензионирањето на голем број судии останува предизвик.
Јасна е пораката дека ЕУ очекува решение затоа што правото и владеењето на правото се значајни, не само за државата, туку и во однос на членството во Унијата.
Ова предизвикува уште поголем очај кај ВМРО-ДПМНЕ, кој не бира средства во обидите да го блокира законот, со цел да ја попречи правдата, да го одбрани криминалот на своите сопартијци.
Во својата жестока одбрана на криминалот пратениците на ВМРО-ДПМНЕ предизвикаа инциденти на Комисијата за европски прашања.
ВМРО-ДПМНЕ секогаш е против функционален судски систем, но залудно, одговорност за секој криминал ќе има.
Центар за односи со јавноста на СДСМ