Стандардот на граѓаните со оваа власт се влошува, просечната плата се намалува додека трошоците за живот се зголемуваат, погрешни се економските политики на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, рече на денешната прес-конференција портпаролката на СДСМ, Богданка Кузевска, одговарајќи на новинарско прашање.

-Според последните податоци од Државниот завод за статистика просечната нето плата во земјава не расте туку се намалува. Она што дополнително загрижува е што земјава се уште е на дното во споредба со соседните држави како Србија, Бугарија, Црна Гора во делот на платите. Власта мора да ги промени погрешните политики и да дефинира мерки за зголемување на платите и создавање услови за поголеми примања а прв чекор кон тоа е да го прифати предлогот на СДСМ за зголемување на мининмалната плата на 450 евра. ВМРО-ДПМНЕ треба да го преиспита својот став и да помислат на луѓето кои секојдневно се борат за подобар живот. Ова е првиот чекор кон покачување на сите плати и подобрување на стандардот на сите граѓани, рече Кузевска.

Водењето инает, додаде таа, и одбивањето на предлозите на СДСМ се целосно погрешни.

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ