По откривањето на аферата „Мафија“ од страна на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, пропагандата на владејачкиот СДСМ е насочена кон тој што го открил криминалот наместо да се таму каде што бил прикриван.

СДСМ и во денешното соопштение ја обвинува опозицијата за издавањето на македонски пасоши на белосветски мафијаши со фалсификуван идентитет, во последниве неколку години. Еве го целото соопштение од СДСМ:

Последните случувања со сложената полициска акција за сузбивање на криминална група која незаконски издавала македонски пасоши потврдија дека Христијан Мицкоски е на браникот на криминалот, на страната на криминалците, на спротивната страна од полицијата и правдата.

Мицкоски недозволиво пласираше информации со цел да ја саботира акцијата и натамошната истрага за овој случај, но таквите намери пропаднаа по соодветната и навремена реакција на полицијата.

Осуетените обиди на Мицкоски за саботажа на полициската акција и загрозување на истрагата, сега треба да бидат предмет на интерес и на Јавното обвинителство.

Јавноста со право очекува соодветна реакција.

Одговорност мора да има за оние кои го прекршиле законот, за оние кои на каков било начин, помагале во тоа или ја саботирале акцијата.

Пропадна уште еден во низата обиди на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ да ја попречат правдата, да ги одбранат криминалците.

Колку и да е неприфатливо за Мицкоски, државата, надлежните институции остануваат посветени на бескомпромисна борба против криминалот и корупцијата.

Центар за односи со јавноста на СДСМ