Одамна е јасно дека сите капацитети на ВМРО-ДПМНЕ предводено од Христијан Мицкоски се ставени во одбрана на криминалите на режимот, соопшти денеска СДСМ.

– Но, Христијан Мицкоски вчера отиде чекор подалеку. Со својата изјава во која рече дека „можеби имаат материјали од сега нелегално снимени кои можат да бидат индиции“, случајно или не, Мицкоски призна дека ВМРО-ДПМНЕ има материјали за нелегално следење на комуникациите. Сега станува јасно кој ги лиферува доверливите материјали на медиумите со цел да влијае врз истрагата, се вели во соопштението на СДСМ.

Владејачката партија го поставува и реторичкото прашање: Дали Мицкоски призна дека ВМРО-ДПМНЕ објавува документи за да ја поткопа истрагата за случајот Рекет?