Кога Христијан Мицкоски нема одговори и нема резултати, стандардно се враќа на она што најдобро го знае – закани, напади и дефокус од реалните проблеми. Од собраниската говорница, Мицкоски повторно го спомена Харис Џиновиќ и Дубаи, и му се закани на претседателот на СДСМ Венко Филипче дека „кога граѓаните ќе ве видат зад решетки“, се вели во реакцијата од СДСМ на одговорот на пратенички прашања на премиерот Христијан Мицкоски, која ја пренесуваме интегрално и без јазични поправки со српко „тужилаштвото“ кое на македонски е обвинителство.

Ова е веќе познат и исцрпен наратив.

Сите случаи и постапки против социјалдемократите кои доаѓаат како пријави и процеси се без докази и се водат по нарачка на Мицкоски и неговите најблиски соработници.

Тоа денес го знаат сите.

Мицкоски, очигледно, се обидува да ја копира тактиката на својот постар „брат“ Александар Вучиќ и сестринската партија СНС. Го користи и истиот слоган – „народот победува“.

Прашањето е: кога народот победува?

Народот сигурно ќе победи против вашата организирана криминална група и против вас како шеф на бандата.

Власта ќе биде вратена во рацете на народот, која моментално е окупирана од криминална структура.

Додека Мицкоски се заканува од собраниската говорница, граѓаните се соочуваат со празни паричници, блокирана европска интеграција, економски колапс и институции кои се ставаат во функција на политичка одмазда.

Мицкоски знае дека времето му истекува. Тоа го чувствува – оттука и толкавата нервоза.

Време е за вистина и правда.

Време е за независно тужилаштво и судство. И тогаш, сите ќе одговараат – не според нарачка, туку според докази и закон.

Правдата можеби е бавна, но е достижна. Тоа ќе го докажат народот и Граѓанскиот фронт за вистина и правда.

Сонцето изгрева.

Фото СДСМ