Благодарение на исполнетите ветувања на СДСМ пораснаа минималната и просечната плата, како и минималната и просечната пензија, соопшти СДСМ.

Во продолжение целото соопштение на владејачкиот СДСМ:

Блокадата на членството во ЕУ, не само што ќе предизвикува изолација на државата, туку директно е насочена против поголеми плати и пензии, против подобар животен стандард на граѓаните.

Искуствата покажуваат дека кај сегашните држави членки на ЕУ во првите пет години по зачленувањето во унијата, растот на платите бил и до 100 отсто.

Благодарение на исполнетите ветувања на СДСМ минималната плата е зголемена на 21.000 денари од 8.000 денари, колку што беше во време кога ДПМНЕ беше на власт.

И просечната плата од 20.000 денари е зголемена на 36.000 денари.

Просечната пензија порасна за 60 отсто, а минималната пензија за 47 отсто.

Со членство во ЕУ платите и пензиите драстично ќе се зголемат.

Јасно е дека оние коишто го кочат напредокот на европскиот пат, кочат поголеми плати, пензии, кочат подобар живот за граѓаните.

Пред државата е единствена можност, што треба да се искористи, со глас за Европа и уставни промени да се обезбеди продолжување на европската интеграција и подобар животен стандард на граѓаните.

Членството во ЕУ е нашиот светилник за подобар живот, поголеми плати и пензии, економска извесност и просперитет.

СДСМ – Центар за комуникации со јавноста