Токму неселективната борба против секаков вид криминал и корупција е она што му пречи на ВМРО-ДПМНЕ и затоа оваа партија неосновано го напаѓа МВР и нашиот министер Оливер Спасовски, се нагласува во реакцијата на прес-конференцијата на опозициската партија за скандалите кои се повторуваат во МВР, како што беше завчерашната кражба во магацин со опрема на МВР, случајот со мито на Блаце и други.
Во продолжение целата реакција од СДСМ:
ВМРО-ДПМНЕ предводена од Христијан Мицкоски е партија бранител на криминалот.
Бројни судски предмети, правосилни пресуди, признанија и извештаи на релевантни меѓунардони организации го потврдуваат степенот на криминалот на ВМРО-ДПМНЕ.
За разлика од владеењето на ВМРО-ДПМНЕ кога одредени криминални структури важеа за недопирливи и над законите, денес институциите постапуваат ефикасно, професинално и неселективно.
Токму неселективната борба против секаков вид криминал и корупција е она што му пречи на ВМРО-ДПМНЕ, затоа оваа партија неосновано го напаѓа Министерството за внатрешни работи и министерот Спасовски.
Центар за односи со јавноста на СДСМ