Во интерес на учениците и нивниот образовен процес, наставата мора да продолжи да се одвива непречено, истакна на денешната прес конференеција Ненад Коциќ, пратеник на СДСМ.

Видеото и текстот од прес-конференцијата го објавуваме интегрално:

Нарушување на наставата може негативно да се одрази врз учениците и воспитно – образовниот процес.

Отсуството од наставата може да доведе до пролонгирање на школската година, негативно да влијае врз уписите, како и врз полагањето на стручен испит за околу 500 наставници.

Правото на штрајк е загарантирано, но интересот на децата мора да биде на прво место и до решение да се дојде преку дијалог.

Имајќи предвид дека за време на штрајк на наставниците им се исплаќа само основната плата и придонесите.

Низ дијалог, во изминатиот период успеавме платите да ги зголемиме од 3.200 до 6.400 денари. Низ дијалог ќе се реализира и новото покачување предвидено за оваа година.

Поголеми плати во образованието ќе има. СДСМ преку Владата што ја предводи во континуитет покажува вистинска грижа за образованието.

Затоа, уште еднаш апелираме СОНК да се врати на дијалогот, наставниците да се вратат на своите работни места и наставата да продолжи.

СДСМ продолжува со вистинска грижа за образованието, за наставниците и учениците.