Оливер Спасовски два дена молчи во врска со кражбата на оружје и муниција од магацинот на СВР Охрид, истакна на денешната прес-конференција пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Димитар Ковачки.

Видеото и текстот од прес-конеференцијата ги објавуваме интегрално:

Ограбена е полициска станица, а власта се однесува како ништо да не се случило.

Според информациите кои ги објавија медиумите, но и според наши сознанија не се работи само за кражба на оружје и муниција за автоматско оружје, туку и за бомби и гранати, а за кои во МВР немаат точна евиденција.
МВР не знае што точно и во колкава количина е украдено.

Објектот на магацинот се наоѓа во кругот на поранешната касарна Михајло Апостолски во Охрид, а сега е во сопственост на полицијата. Магацинот има обезбедување и е во круг на повеќе полициски објекти, а непосредно спроти истиот е канцеларијата на началникот на РЦ Запад.

Оттука се влече заклучокот дека крадците или се поголема организирана група која е голема опасност за мирот на државата или се во договор со Оливер Спасовски.

Украдена е муниција доволна за вооружување на цела единица. Тоа не е оружје или муниција кое може да се користи во лов или за било какви рекреативни цели, туку станува збор за автоматско оружје, муниција, бомби и гранати кои се користат исклучиво за боеви дејствија.

Кога полицијата и криминалците се едно, епилогот е кражба на оружје од полициски магацин и предизвикување на несигурност кај населението. Спасовски или е целосно неспособен да го обезбедува имотот на МВР или е во целосна коалиција со криминалот и ги прикрива извршителите. Ова се случило кога криминалците ќе го чувствуваат МВР за свој дом.

Недозволиво е Спасовски да молчи.

Полицијата под водство на Спасовски, одамна го изгуби кредибилитетот и авторитетот.

Тој треба веднаш да си поднесе оставка.