Го осудуваме нападот врз активистот Беким Асани, насилството е недозволиво, институциите да ги пронајдат и казнат напаѓачите, соопшти владејачкиот СДСМ.

– Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, остро го осудува физичкиот напад врз граѓанскиот активист Беким Асани. Во демократска држава, членка на НАТО, каква што е РС Македонија недозволиво е какво било насилство врз кој било поеднинец. Апелираме надлежните институции веднаш да постапат, да ги пронајдат и соодветно да ги казнат напаѓачите, за вакви слуачи да не се повторуваат во иднина. Концептот Едно општество за сите, значи и почитување на различностите, значи и еднаква грижа и заштита на правата на сите граѓани. Како одговорна партија СДСМ останува посветена на заштита и унапредување на гарантираните права и слободи на сите поедници во државата, се вели во соопштението од Центарот за комуникации со јавноста на СДСМ.

Излишно е потсетувањето дека надлежни за откривање на ова и на сите други насилства се владините институции на чие чело е токму СДСМ.