Обезбедени се 130 милиони евра за финансиска поддршка за граѓаните и компаниите, грижата продолжува
Во Буџетот има слободни 130 милиони евра кои во периодот што следи ќе бидат насочени за помош на граѓаните и на стопанството, соопшти денеска владејачкиот СДСМ.
Во продолжение го објавуваме целото соопштение:
Владата предводена од СДСМ и надлежните институции постојано преземаат мерки за надминување на сите предизвици од енергетската криза и заштита на стандардот на домаќинствата и стопанството.
Во наредните три месеци, главен приоритет на Владата ќе биде одговор на енергетската криза, која е резултат на глобалните движења.
Веќе тече интензивна владина подготовка на нови сетови антикризни мерки кои ќе дадат силен поттик за компаните и ќе бидат силна поддршка за семејните буџети на граѓаните.
Во Буџетот има слободни 130 милиони евра кои во периодот што следи ќе бидат насочени за помош и на граѓаните и на стопанството.
Сите досегашни пакети антикризни мерки на Владата во пандемијата кои според ММФ беа одлично димензионирани заштитија повеќе од 60.000 работни места.
Грижата за граѓаните и компаниите продолжува и оваа година. Владата дефинира мерки преку кои најефикасно ќе се алоцираат средствата за санација и поддршка онаму каде што е најпотребно.
Економијата е стабилна и ликвидна, економскиот раст за оваа година е предвиден на 4,6 отсто, додека капиталните инвестиции ќе бидат за 27 отсто повисоки од претходната година.
СДСМ преку Владата што ја предводи продолжува со реализирање мерки и политики за ублажување на последиците од кризата, а кои воедно го забрзуваат економскиот раст и го унапредуваат животниот стандард на граѓаните.
Центар за односи со јавноста на СДСМ