Здравствениот систем е подготвен за почеток со масовната имунизација против коронавирусот, откако институциите предводени од СДСМ ги надминаа сите предизвици во врска со вакцинацијата, сооопшти денеска владајечаката партија.
-Навреме се набавија соодветни фрижидери за складирање на вакцините, беше направен прецизен план за вакцинација на населението, а првиот контингент вакцини веќе пристигна во државата, како поддршка од пријателска Србија. Веќе од утре, први ќе се вакцинираат здравствените работници кои во изминатиот период се во првите борбени редови против Ковид 19, кои секојдневно се изложени на ризик од коронавирусот и пожртвувано се грижат за заболените. Наскоро се очекува да пристигнат и вакцините од Кина, со што засилено ќе продолжи вакцинацијата на населението. Додека институциите предводени од СДСМ се посветени на решавање на предизвиците и работат во интерес на граѓаните и јавното здравје, ВМРО-ДПМНЕ предводена од Мицкоски во текот на пандемијата се однесува деструктивно, шири лажни вести, ги прекршува мерките за заштита, се обидува да го поткопува здравствениот систем и напорите за справување со пандемијата. Граѓаните знаат дека СДСМ се грижи за нивното здравје, а Мицкоски се грижи само како да си ја зачува фотелјата во белиот дворец. Затоа шест пати загуби на избори, затоа уште долго ќе остане во опозиција, се вели во соопштението од СДСМ.
Инаку, досега се „набавени“ само подарените 4.680 дози од Србија, кои не се доволно ниту за една вакцинација на здравствениот персонал кој што е пријавен за утрешниот почеток на вакцинацијата.