Нема да дозволиме градовите да бидат завиени во мрак, на граѓаните им е потребна зрак светлина во тешкиот период со коронавирусот, соопшти денеска владејачкиот СДСМ.
– Нема да дозволиме градовите, општините да бидат завиени во мрак. На граѓаните им е потребна зрак светлина во тешкиот период со коронавирусот, особено во она малку време што можат да го поминат надвор, за време на празниците. Секако, оваа година значително ќе се намалат средствата што се двојат за оваа намена, со цел украсувањето да биде поскромно и прилагодено на можностите и целата состојба. Во време кога коронавирусот негативно влијае и врз менталното здравје на граѓаните, мрачниот Мицкоски сака општините, градовите да бидат завиени во мрак, и тоа во периодот на новогодишните и божиќните празници. ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски, од почетокот на пандемијата па до сега, не донираа ниту еден денар, не се откажаа од платите во Собрание, од паушалите во Советите на општините, не донираа ниту една маска, средство за дезинфекција, ништо. Напротив, цело време го поткопуваат здравствениот систем, ја попречуваат борбата против вирусот, ги прекршуват мерките и водат мрачна, некрофилна кампањата. Мрачниот некрофил Христијан Мицкоски се радува на починати, ама се радува и на мрак, оти такви мрачни му се сите политички дејствувања, соопшти СДСМ.