Нема да има асимилација на македонскиот народ, СДСМ и граѓаните нема да го дозволат тоа, се истакнува во денешното соопштение од владејачкиот СДСМ, чие соопштение го објавуваме во целост:
Наместо да шират невистини, неосновано да ја плашат јавноста и со тоа да ги поткопуваат државните позиции, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ треба да застанат зад државните интереси.
Мицкоски исто вака ја лажеше јавноста дека државата ќе ни се распрачела, а пред Бојко Борисов велеше дека „го поткрепа“ Договорот.
Истиот тој Мицкоски и неговата ВМРО-ДПМНЕ лажеа дека ќе се населеле еден милион мигранти, дека со Законот за јазиците секој ќе мора да учи друг јазик и што ли уште не.
За жал ништо не е променето во ВМРО-ДПМНЕ.
Нема да има никава асимилација на македонскиот народ, граѓаните и СДСМ тоа нема да го дозволат.
Центар за односи со јавноста на СДСМ