Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска во своето гостување на Инфомакс во емисијата Наше Скопје открива дека претходното раководство на градот на чело со Петре Шилегов платило 75.000 евра за услуга која никогаш не е испорачана.

Арсовска потенцира дека веб страницата која требало да биде изработена за оваа голема сума, која е повисока од пазарната вредност за еден таков ИТ производ, никогаш не била ставена во функција.

-Најстрашно е што претходното раководство платило 75.000 евра за веб страница и за услуга која никогаш не е испорачана, односно страницата не е функционална. Значи злоупотребата е двојна, секој лаик може преку едно истражување на пазарот да оцени и да види која е цената на чинење на една таква веб страница. Уште посимптоматично е тоа што требало да биде испорачано за 75.000 евра не е испорачно. Тоа се средства на граѓаните, кои треба да се трошат домаќински, вели Арсовска.