Има една народна, малку звучи вулгарно, но добро ги отсликува секојдневните соопштенија на владејачкиот СДСМ за „криминалот што го прави опозицијата“. Народната поговорка вели: „Подржи ми го копилево да…“ А во продолжение и целото денешно соопштение од СДСМ:
Христијан Мицкоски преку невешти оправдувања призна дека дел од општините раководени од ВМРО-ДПМНЕ направиле злоупотреба, формирајќи јавни претпријатија преку кои електричната енергија за улично осветлување од ЕВН ја добиваат по цена за домаќинства.
Мицкоски треба да знае дека АД ЕСМ произведува електрична енергија за граѓаните и стопанството, а не за неговите градоначалници да прават малверзации со струјата на штета на граѓаните.
Мицкоски наместо да ги правда да каже кои градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ преку злоупотреби го прекршиле законот и на тој начин предизвикуваат поголемо покачување на цената на електричната енергија.
Нервозен е Мицкоски откако се откри дека неговите градоначалници го изиграле законот за да обезбедат поевтино улично осветлување, но и откако се откри дека неговите блиски луѓе направиле малверзации со земјиште каде се проневерени 1,6 милиони евра.
Во ВМРО-ДПМНЕ нема никаква промена, останува партија на криминал, малверзации и дејствување на штета на граѓаните и државата.
Центар за односи со јавноста на СДСМ