Владејачкиот СДСМ продолжува сите проблеми во Македонија „да ги решава“ со навреди и неаргументирани обвинувања кон опозицијата и со секојдневни фалби за „своите успеси“.

-По деблакот што му се случи со правдата, нов дебакл на Христијан Мицкоски за само една недела. Мнозинството во Собранието е стабилно, Владата има силна поддршка. Како меур од сапуница испукаа лагите на Христијан лузер Мицкоски, се покажа, нестабилно е само неговото ВМРО-ДПМНЕ. Два дебалка со две јасни пораки за Мицкоски: кој брани криминал ќе биде казнет од правдата, кој лаже народ, ќе биде казнет од граѓаните, гласи денешното соопштение од СДСМ.

Познато е правилото дека стопати повторена лага станува вистина, а од СДСМ се продуктивни и секојдневно од Цетарот за односи со јавноста продуцираат исти еднолични „вистини за состојбите во Македонија“.