СДСМ очекува Мицкоски да го исполни ветувањето за намалување на платите на функционерите, се истакнува во денешното соопштение од СДСМ.
Сега, како опозиција СДСМ бара од премиерот Христијан Мицкоски да ги намали платите на функционерите и политичарите кои енормно беа зголемени во времето кога СДСМ беше на власт и ги предводеше владите заедно со ДУИ.
Во продолжение целото соопштение од СДСМ:
Мицкоски од време на опозиција не го познава Мицкоски од власта.
Во интервју за Сител Телевизија на 17.08.2023 година, Мицкоски ќе вети пред граѓаните дека ќе ги ревидира и ќе ги намали платите на фунционерите доколку граѓаните му да ја дададат довербата, за што ќе предложат и конкретен закон.
Еве Мицкоски е премиер, поминаа 4 месеци како ја предводи Владата, нема ниту збор за ветеното намалување и ревизија на платите на функционерите.
СДСМ очекува Мицкоски да го исполни ветувањето за намалување и ревизија на платите на функционерите.
СДСМ
Фото: Arhiva