Собранието донесе државничка одлука, со усвојувањето на Заклучоците се обезбедува почеток на преговорите со заштитен македонски јазик, македонски идентитет и посебност, се истакнува во денешното соопштение од владејачката партија СДСМ.
– Македонци кои говорат македонски јазик и билатерални и историски прашања надвор од процесот на преговри, така ги започнуваме и повеќе од заслужените преговори за членство во ЕУ. Со тоа, отвораме нови перспективи за државата, нови можности за просперитет за граѓаните, од овде, и од денес па натаму, одиме напред со забрзан чекор за да се приклучиме кон европското семејство во кое многу скоро и официјално ќе се чуе нашиот македонски јазик. Иднината на државата е обезбедена и таа е европска, со потврден, заштитен македонски јазик и идентитет со сите нишани. Продолжуваме по европскиот пат како наша стратешка државна цел поставена уште од денот на независноста, се вели во соопштението од СДСМ.