Мерките од Оперативниот план за вработување за 2019 година обезбедува фер шанси за вработување на младите, преку најразлични обуки и прекфалификации, соопшти СДСМ.

– Преку една од мерките обезбедени се над 43 милиони денари за развој на дигитални вештини и нови работни места во оваа сфера за младите. Со оваа мерка се опфатени 1.323 невработени млади лица до 34 години кои можат да се вработат преку обуки и прекфалификации. Важно е тоа што новите работни места како и потребите од преквалификација и стекнување на дигитални вештини се подговени заедно со работодавците. Дополнително, доколку некое невработено лице не успее да се вработи со оваа мерка, останува можност за искористување на други програми и мерки од Оперативниот план за 2019 година, се вели во соопштението од СДСМ.

Оперативниот план за вработување за 2018 година, се додава натаму, имаше реализација од високи 95% и даде одлични резултати и оправдани се очекувањата дека Оперативниот планот за 2019 година ќе даде уште подобар резултат, пред се за младите луѓе.