Напредокот во евроинтеграциите и успешните економски политики на Владата предводена од СДСМ ја стабилизираа економијата и ја поставија на вистинска патека, соопшти денеска Центарот за комуникации на СДСМ.
– Довербата во економијата е вратена, државата се движи во добар правец. Доказ за тоа е рекордниот износ на странски инвестиции од 624,5 милиони евра во 2018 што е четири пати повеќе споредено со 2017 година. За само една година стапката на невработеност е намалена за 3,6 отсто и е на историски најниско ниво. Континуирано растат платите, се усогласуваат пензиите, се обезбедуваат повеќе пари кај граѓаните, кај домаќинствата, се вели во соопштението.
Натаму се додава дека „економијата и државата чекорат напред кон раст и развој и враќање назад нема“.
– Владата предводна од СДСМ останува посветена на економските реформи и напредокот во евроинтеграциите, процеси што обезбедуваат економски раст, повеќе инвестиции, нови работни места, повисоки плати и повеќе пари за граѓаните, се вели во соопштението на владејачката партија.