Со измислените тези и прес конференции што ги држи ВМРО-ДПМНЕ покажува дека е против работата на домашните фирми

Со измислените тези и прес конференциите што ги држи ВМРО-ДПМНЕ е против домашното стопанство.

Дали ВМРО-ДПМНЕ се залага за затворање на домашните компании?

Дали им смета нивната работа?

Помина времето на политички формирани белизе фирми кои беа заштитен знак за криминалната ВМРО-ДПМНЕ. Сега се е транспарентно и на увид на граѓаните.

Граѓаните знаат дека вицепремиерот Кочо Анѓушев дојде на фунакција како предлог на бизнис заедницата и го декарираше потеклото на имот.

Со стапување на функцијата го испочитува законот во целост, се повлече од управувачките функции и ја продаде компанијата каде беше 100 % сопственик.

За разлика од ВМРО-ДПМНЕ кои ги украдоа парите и преку ноќ станаа политичари-бизнисмени кај вицепремиерот е се транспарентно пред граѓаните и јавноста.

Потег незамислив за криминалните умови на ВМРО ДПМНЕ – кои неспособни да создадат компании водеа уценувачки и рекетарски политики на преземање и уништување на фирми со што стопанството го ставија во заложништво за лични бизнис интереси и партиско богатење.

ВМРО ДПМНЕ не може да се помири со фактот дека Владата на СДСМ им ја врати на граѓаните евтината тарифа, што ја укина ВМРО ДПМНЕ.

Во исто време донесен е и транспарентен закон за поддршка на сите компании и Законот за енергетика со што се отстранија тужбите против Р. Македонија, кои ги добивме поради погубните политики што ги водеше ВМРО ДПМНЕ.