Пишува Дарко Јаневски

Законот за референдум има само една одредба која се однесува на рекламирањето во врска со референдумот. Според член 12 од Законот „овластениот предлагач може да води јавна пропаганда на свој трошок“.

Иако од одредбата е јасно дека таа се однесува пред се на ситуацијаа кога овластен предлагач се 150.000 граѓани, таа се применува и во врска со актуелниот референдум каде како овластен предлагач се јавува Собранието на РМ. Значи според Законот, тоа може да води јавна пропаганда на трошок од Буџетот на Собранието, односно на трошок на сите нас.

Се разбира, тоа само по себе значи дека јавната пропаганда треба да биде избалансирана, како во однос на тие што се „ЗА“, така во однос на тие што се „ПРОТИВ“ и конечно, и во однос на тие што ќе го бојкотираат референдумот. Тоа значи дека Собранито има должност да им објасни на граѓаните, меѓу другото и дека ако не излезат на референдум, тоа не значи дека на истиот нема да биде донесена олука, како што лажат Заев и компанија.

Тоа е тоа што во врска со ова има да го каже Законот за референдум. Но, и Владата веќе потрошила стотина евра за реклама од Буџетот на РМ, а допрва најавува интензивирање на тоа што Законот за референдум го нарекува „јавна пропаганда“.

На сите ви е јасно дека Владата ќе потроши буџетски пари еднонасочно, односно ќе ве убедува да излезете на референдумот и да гласате „ЗА“. Јасно ви е дека ан тоа та нема право, но што да се прави кога ова прашање Законот за референдум не го регулирал? Односно дали ова прашање навистина не е регулирано?

Таквото прашање е излишно, бидејќи во себе содржи неточност. Имено, Законот за референдум не го регулирал ова прашање изречно, но не оставил празнина бидејќи во член 45 став 1 изречно вели:

„При спроведување на референдум на државно ниво, се применуваат одредбите од Законот за избор на пратеници во Собранието на РМ, доколку со овој закон поинаку не е определено“.

Бидејќи Законот за избор на пратеници е сменет со Изборниот законик (член 192 од Изборен законик, преодни и завршни одредби), тоа значи дека за се што не е регулирано со Законот за референдум, се применуваат одредбите од Изборниот законик (ако тоа не е така, тогаш референдумот не би можел да се спроведе бидејќи тука е регулираба и работата на ДИК, формирањето општински изборни комисии итн). А во него, прецизно стои дека „од денот на распишување на изборите (референдумот, н.з.) радиодифузерите и печатните медиуми не смеат да емитуваат реклами финансирани до Буџетот на РМ, од буџетите на општините и на градот Скопје и на сите други лица на кои со закон им е доверено вршење јавни овластувања“.

Член 75д ст. 4 Изборен законик

Оваа одредба пред се однесува на реклами кои се директно врзани со изборите односно рефендумот, но и на реклами кои немаат директна врска. На пример, реклама за некаква акција за посадување зеленило, платена од Буџетот на РМ, би се сметала за корумпирање на медуимите во изборниот процес  и слично.

Но, бидејќи одредбата изречно забранува емитување на реклами платени од Буџетот на РМ, таа јасно упатува на фактот дека Владата на РМ, општините и слично не смеат да трошат пари ниту на „објаснување на договорот “ со Грција (тие секако ќе го објаснуваат од свој агол), ниту пак на прашања поврзани со НАТО и ЕУ кои исто така се дел од референдумското прашање (со оглед на фактот што малку кој очекува од девастираниот Уставен суд да донесе правилна одлука во врска со ова).

Тао исто така значи дека телевизиите и печатените меидуми ен смеат да ги емитуваат односно печатат таквите нарачки. Остануваат интренет медиумите кои не се опфатени со овој законик, но и ова е доволно да спречи криминал кој Владата и медиумите имаат намера да го направат, се разбира, потпирајќи се на „кооперативноста“ на ДИК која нема намера ова да го спречи, иако правилата во врска со ова се во нејзина надлежност.

Тоа е едниот момент. Другиот е дека ДИК бега од фактот дека Владата веќе го корумпира референдумот со фактот што врши вработувања, масовно и секој ден и на скеој во оваа држава кому треба да му се исплати нешто, тоа ќе биде сторено пред референдумот, а ДИК со најавата дека ова не е регулирано во Законот за референдум и со шарлатанските толкувања во врска со ова, практично најави дека ќе молчи и ќе го дозволи корумпирањето ан рефендумот. Нивното обајснување дека ова не се избори, па оттука Владата не се натпреварува, само покажува со каква нестручност ќе се соочиме во овој натпревар на мислења „За“, „Против“ и „Бојкот„ на референдумското прашање.

Кодексот на практики на Венцијаснакат комисија з арефереднум во член 3д не етолку ригиден во однос на ова, па вели дека „за разлика од изборите не е неопходно да се забранат целосно активностите на властите за или против референдумското прашање. Но како и да е бвастите (централни и локални) не смеат никако да влијаат врз одлуката да се гласа преку еднострани кампањи. Користењето на јавните фондови за кампањски цели мора да биде забрането, се вели во Кодексот на Венцијанската комисија

Тоа значи дека Владата може да им објаснува на граѓаните технички детали и тоа исклучиво на неутрален начин, но не смее да зазема страна во врска со референдумското прашање.