Со ребалансот на буџетот обезбедуваме поголеми плати и пензии за нашите граѓани и заштеда на 200 милиони евра, се истакнува во денешното соопштение од владејачкиот СДСМ, кое во продолжение го објавуваме во целост:

Со ребалансот на Буџетот Владата предводена од СДСМ обезбедува заштеда на 200 милиони евра непродуктивни трошоци, обезбедува средства за производство на храна за наредната година, поголеми плати и пензии, поддршка за граѓаните и компаниите и заштита на стандардот со нови мерки.

СДСМ и Владата којашто ја предводи со брзи и добро смислени мерки успешно менаџираат со последиците од најголемата економска и енергетска криза по Втората светска војна во Европа.

Го штитиме стандардот на граѓаните и компаниите, ги зголемуваме платите и пензиите, обезбедуваме ликвидност на буџетот, спроведуваме енергетска трансформација, и паралелно инвестираме во земјоделството и ги зголемуваме површините за да има доволно храна наредната година.

Благодарение на одговорни и вистински политики на СДСМ просечната плата се искачи над 500 евра и во време на криза, минималната плата се зголеми двојно, на 18.000 денари, платите во образованието рекордно се зголемија за 15%, постојано растат платите во сите сектори, а следува и историски раст на пензиите и нова методологија за постојан раст.

Разликата е очигледна, СДСМ се грижи за граѓаните, а ВМРО-ДПМНЕ опструира и блокира.

Центар за односи со јавноста на СДСМ