Стопанството заздравува, а потврда за тоа е и растот на просечната плата, соопшти денеска владејачкиот СДСМ.

Во продолжение целото соопштение:

Економските пакети за полесно справување со последиците предизвикани од пандемијата со коронавирусот коишто ги реализараше владата предводена од СДСМ обезбедија поддршка на стопанството, на граѓаните погодени од кризата, како и услови за брзо опоравување на економијата.

Позитивни сигнали покажуваат дека стопанството заздравува, а потврда за тоа се високиот раст на извозот, растот на трговијата, зголемениот број на кредитирањето и растот на просечната плата.

Буџетските приходи се повисоки во однос на периодот пред кризата. Растот на вкупните приходи е 4,4% а 5% е растот на даноците и придонесите.

Реализацијата на четирите пакети економски мерки изнесува 82% или 860 милиони евра. Во тек е реализација на мерките од петтиот и шестиот пакет кои треба да дадат дополнителен придонес во подобрување на економскиот резултат.

Во 2020 година поддржани се над 840 компании со повеќе од 65 милиони евра, а со над 17 милиони евра поддржани се 400 инвестициски компании со директна поддршка.

Оваа поддршка како и финансиската помош за исплата на плати придонесоа да се спасат стотици илјади работни места, но и да продолжи растот на платите.

Во 2020 година во време на криза просечната плата се зголемила за 7,8 отсто и тој тренд продолжува и во оваа година. Просечната плата во февруари 2021 година е за 2,7 отсто повисока во однос на февруари 2020.

СДСМ како одговорна партија продолжува со креирање и реализација на мерки за помош на погодените од кризата, и ефикасни политики што создаваат услови за рестарт и градење на стабилна и развојна македонска економија.

Центар за односи со јавноста на СДСМ