Центарот за комуникации на СДСМ е одлепен од реалноста како нивниот шеф Зоран Заев, се вели во денешната реакција на ВМРО-ДПМНЕ на соопштението од владејачкиот СДСМ.

Го објавуваме целото соопштение од реакцијата:

Лагите брифирани од центарот за комуникација на СДСМ не поминуваат кај граѓаните.

Задоцнетите економски мерки на власта затворија над 6.200 компании.

Задоцнетите економски мерки оставија над 60.000 граѓани на улица.

А, дека економските политики на власта се катастрофални говори и фактот дека јавниот дoлг е проектиран да порасне и до над 65% од бруто домашниот производ.

Со Владата на Зоран Заев Македонија е најлоша на полето на враќање на довербата во економијата.

Владата на Зоран Заев е најнеспособната економска влада во Република Македонија.

Очигледно е дека приоритет на Зоран Заев и неговата Влада се тендери, криминал и лично богатење.