Успеавме да реализираме едно од клучни ветувања дадено пред граѓаните – просечна плата од 30.000 денари или 500 евра, објави денеска владејачкиот СДСМ.

Во продолжение целото соопштение од партијата на власт:

Успеавме да реализираме едно од клучни ветувања дадено пред граѓаните – просечна плата од 30.000 денари или 500 евра.

СДСМ го цени, го почитува и го вреднува трудот на сите работници.

Од месец март оваа година минималната плата е 18.000 денари или 300 евра, што е двојно зголемување во однос на 2017 година кога минималната плата во одредени дејности беше под 9.000 денари.

Постигнавме договор за рекорден раст на платите од 15 отсто во образованието. За пет години, платите во образованието вкупно пораснаа за 36 отсто.

Во истиот период платите на вработените во детските градинки се зголемени во просек за 21 отсто.

Во здравството, за помалку од пет години основната плата на лекарите специјалисти ја зголемивме за 40%, а на медицинските сестри помеѓу 20 и 23%, на општите лекари за 25%, додека на здравствените соработници за 15%.

Повисоки плати денес добиваат и вработените во одбраната, во полицијата и правосудството.