Владата предводена од СДСМ продолжува да ги решава напластените проблеми кои претходната влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ со години ги игнорираше, соопшти денеска СДСМ.
– Се решава долгогодишниот проблем со фабриката „11 Октомври – Еурокомпозит АД“ Прилеп. Владата го усвои и го достави до Собранието, Предлог Законот за претворање на побарувањето на РС Македонија по основ на јавни давачки во траен влог во Друштво за производство на производи со посебна намена „11 Октомври – Еурокомпозит АД“ Прилеп. Со ова се исполнуваат барањата на поранешните и сегашните вработени на претпријатието кое е во државна сопственост. Во пракса, тоа значи дека ќе бидат надоместени заостанатите долгови по однос на придонес за пензиско и инвалидско осигурување на вработените, со што се исправа повеќегодишната неправда кон вработените. Истовремено, ќе им биде евидентиран и остварениот работен стаж во компанијата, за да можат сите сегашни и поранешни вработени да го остварат правото на пензија согласно минатиот труд. Продолжуваме да спроведуваме мерки што се во интерес на граѓаните, кои ги решаваат долгогодишните проблеми и кои обезбедуваат економски раст и развој, се вели во денешното сооопштение од Центарот за комуникации на СДСМ.