СДСМ пред малку во целост ја демантира објавената неточна вест од страна на Канал 5 телевизија со наслов: Договорен премиер по принципот три години Заев, една Зибери –ДУИ ќе управува со УЈП и МВР, се наведува во партиското соопштение.

Не е точно дека во разговорите помеѓу СДСМ и ДУИ е договорен премиер по принцип како што е објавено, тоа е невистина.

Исто така не е точно ниту тоа дека веќе се договорени било какви персонални решенија и поделби на ресори.

СДСМ им стои на располагање на медиумите, и очекува во духот на прифесионалното новинарство, за вакви прашања да побараат официјална потврда од партијата, или став, пред да биде објавена.

На овој начин се пласираат неточни информации во јавноста, а граѓаните се доведуваат во заблуда.

СДСМ навремено ги информира граѓаните и доколку има договор тоа јавно ќе го соопшти, демантира СДСМ.