За само 2 години, Владата предводена од СДСМ во инфраструктурата направи многу повеќе од цели 11 години за време на ВМРО-ДПМНЕ, соопшти денеска владејачкиот СДСМ, по повод пуштањето на автопатот Скопје – Штип што го изгради поранешната влада на ВМРО-ДПМНЕ.
– Поради криминални интереси ВМРО-ДПМНЕ за време од 11 години направи едвај само 7 километри автопат а остави хаос, нерешени проблеми, бандери на сред пат. А за само 2 години, Владата предводена од СДСМ во инфраструктурата направи многу повеќе од цели 11 години за време на ВМРО-ДПМНЕ, ги реши сите наследени и нерешени проблеми. Автопатот Миладиновци – Штип денеска е пуштен во употреба во двата правци, со решени имотно правни проблеми, со обезбедени проекти, надвозници, заштити, се вели во соопштението.
Решени се, додава СДСМ, сите проблеми на автопатот Кичево-Охрид, се гради во должина од 57 км.
– Четири експресни патишта се изградени, реконструирани и рехабилитирани со вкупна должина од 375 км на регионални патишта и 119 км магистрални: Градско-Дреново-Фариш, Штип-Крупиште-Кочани, Ранковце-Длабочица-Крива Паланка, Штип-Радовиш. Во моментов се реализираат над 80 проекти за изградба и реконструкција на патишта во должина од повеќе од 700 километри. Груевски и ВМРО-ДПМНЕ ги интересираа само провизии и криминални зделки, СДСМ ги решава проблемите што ги оставија и интенизвно гради по план, соопштува СДСМ.