Во изминатите три години покажавме што значи вистинска грижа за сите граѓани подеднакво. Ја зголемивме социјалната помош за 300 отсто и неколкукратно го зголемивме опфатот на корисници, воведовме детски и образовен додаток за поефикасна борба против детската сиромаштија.
Ова се истакнува во денешното соопштение од СДСМ, кое во продолжение го пренесуваме во целост:
Минималната плата ја зголемивме од 9.000 на 14.500 денари. Го решивме проблемот со стечајците, денес околу 12.000 стечајни работници добиваат по 8.000 денари до нивно пензионирање.
Солидарно се бориме и против последиците од коронавирусот. Сите погодени од корона кризата добиваат институционална и солидарна помош. Време е да изградиме праведна држава, со ред и дисциплина во сите институции. Правосудството мора да се прочисти од корумпираните судии и обвинители.
Судиите кои застаруваат предмети ќе бидат разрешени по автоматизам. Започнува детална проверка на имотната состојба на сите судии и обвинители и темелна ревизија на 5% од сите судски пресуди во последните 5 години, по случаен избор. Воведуваме законска обврска за јавна објава на сите службени трошоци на сите функционери во извршната, локалната и судската власт, а за оние раководители кај кои е утврдено нечесно работење ќе следуваат санкции.
Администрацијата мора да им служи на граѓаните и затоа, дополнително ја професионализираме и ја намалуваме за 20%. Во администрација ќе работат тие што се подготвени целосно да им служат на граѓаните.
Ги укинуваме патните трошоци за пратениците во Собранието. СДСМ нуди професионални институции во служба на граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ нуди партизирана администрација во служба на лични и партиски интереси. На 15 јули граѓаните ќе изберат да живеат во правна држава, ќе изберат неселективна правда, наместо ново Сваровски судство.
СДСМ