Никола Димитров нема легитимитет да зборува за правдата, бидејќи тој е човекот кој со месеци знаел за вршењето на рекетот во Македонија, а го премолчувал.

Ова се в ели во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ на изјавата на министерот Димитров.

– Уште во есента 2018 година бил информиран од амбасадор на една европска земја дека во земјава постои политичко-обвинителски рекетарски октопод и сето тоа го прикривал, од проста причина да ја заштити главата на тој октопод која се наоѓа во самата власт. Само по себе тоа е заштита на криминалот. Ако имаше правна држава, после признанието на Бојан Јовановски дека рекетираните пари завршувале кај семејството Заеви, тогаш барем Зоран и Вице Заеви ќе биле повикани на распит во обвинителството. Тоа покажува дека во Македонија не владее правото и затоа со Димитров и Заев нема европска иднина. Иднина создаваа само за себе и своите деца, а остатокот од државата го оставија да осиромашува. СДСМ и Заев покажаа дека можат единствено повеќе криминал, можат повеќе корупција и можат само порази. Да ставиме крај на виткањето кичма. Исправи се Македонијо! Одбери обнова!- се вели во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ.