Концептот Парите кај граѓаните како еден од столбовите на Програмата на СДСМ, дава реални и видливи резултати, соопшти денеска СДСМ.

– Како дел од сетот мерки преку кои парите се враќаат кај граѓаните, проектот МојДДВ, покажува дека  досегашната реализацијата ги исполнува целите за кои е наменета. Ги враќа парите кај граѓаните и ја намалува сивата економија. Само во првиот квартал од реализацијата на проектот повратот на ДДВ изнесува над 3 милиони евра, а апликацијата „Мој ДДВ“  има над 170.000 регистрирани корисници. Со оваа мерка за првпат државата ќе враќа пари директно кај граѓаните, а средствата од повратот остварен во јули, август и септември ќе бидат исплатени до крајот на декември оваа година. По исплатата во декември, на секои три месеци ќе следува нова тромесечна исплата. СДСМ продолжува посветено да работи на подобрување на животниот стандард на граѓаните, преку реализација на мерки и реформи преку кои парите се враќаат директно кај граѓаните. За нас зборот важи, се вели во соопштението од владејачкиот СДСМ.