Членството во ЕУ не е игра, станува збор за иднината на татковината, истакнува во денешното соопштение владејачкиот СДСМ во кое повторно ја обвинува опозицијата за тоа што власта не може да ги реализира своите планови.
Во продолжение целото соопштение од Бихаќска:
Мицкоски и ДПМНЕ покажаа дека се против ЕУ, дека сакаат да ја блокира европската иднина на граѓаните, единствено за лични цели.
ДПМНЕ застана против подобар живот за граѓаните, поголеми фондови, против засилен напредок и европски стандарди.
Тоа е опасна, антидржавна и антимакедонска постапка на ДПМНЕ и Мицкоски.
Членството во ЕУ не е игра, станува збор за иднината на татковината.
80% од македонските граѓаните се за членство во ЕУ, сакаат да живеат во европска држава, членка на НАТО и ЕУ.
Проевропската коалиција предводена од СДСМ нема да подлегне на штетното, неодговорно и недржавничко однесување на ДПМНЕ.
Заедно со граѓаните ќе направиме сѐ да ја разбиеме таа блокада.
И понатаму ќе се бориме за врвните национални и државни интереси, преку обезбедување соодветно мнозинство со кое ќе се продолжи европскиот пат на државата.
СДСМ